Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заврши Самитот Македонија 2025 – градење на партнерства и соработка во насока на градење на просперитетни економии
Македонија

Заврши Самитот Македонија 2025 – градење на партнерства и соработка во насока на градење на просперитетни економии

27/04/2023

AA

Трансформација на компаниите во дигиталната ера, управување со перформансите и повторен развој, градење на флексибилни бизниси, вештачка интелигенција, моќта на комуникацијата, беа дел од темите на вториот ден од годинешниот Самит Македонија 2025, што се одржа во Скопје. На самитот преку 40 говорници, водечки во своите области во глобални рамки зборуваа за клучните перспективи во процесот на креирање просперитетни економии. Во таа насока, акцент беше ставен на потенцијалите на дигитализацијата, употребата на вештачката интелигенција и  стратешкото лидерство во процесот на трансформација на општествата и поттикнување на развојот.

На свеченото затворање на Самитот пред присутните се обрати и претседателот Стево Пендаровски, кој уште еднаш ја подвлече важноста на поголемата соработка и создавање на партнерства. За континуираната поддршка на активностите на Македонија 2025 на претседателот Пендаровски му беше доделена благодарница.

Една од главните цели на Македонија 2025 е креирање партнерства и јакнење на соработката помеѓу македонската дијаспора, од една, и националните институции и бизнис заедница, од друга страна, во насока на креирање на нови потенцијали за поголем економски просперитет на земјава и целиот регион. Во ера на глобализација, соработката и поврзувањето со македонската дијаспора, но и со водечките професионалци кои имаат огромен глобален придонес во својата област е од клучно знаење.

„Во рамките на Самитот Македонија 2025 годинава успеавме да создадеме солидна база за соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор, но и база која ни дава можност да ги осознаеме искуствата и успешните модели кои веќе се имплементирани во други општества и економии, па истите да ги приспособиме и примениме и тука, кај нас, и да помогнеме и нашата земја да стане подобро место за живеење. Во таа насока, работиме и на интензивирање на соработката во регионот, бидејќи одржливиот развој е можен само во поширокиот контекст. Искрено верувам дека имаме можност, само ни треба поголема волја и вложени напори. Да се обидеме сите заедно да придонесеме кон што побрз напредок, бидејќи тоа им го должиме на нашите деца и на идните генерации. Ние ќе продолжиме да работиме во таа насока, а се надевам дека кон оваа наша мисија ќе се приклучат сите што имаат желба да поттикнат промени“, истакна Никица Мојсоска Блажевска, извршна директорка на Македонија 2025.

На самитот кој годинава се одржа по 12-ти пат, говорниците имаа можност да ги слушнат повеќе од 500 гости.

Покрај организација на Самитот, Македонија 2025  досега има имплементирано програми за економски развој со  вредност од 3,6 милиони долари, како и 1,7 милиони долари во образование и лидерство. Во овие програми вклучени беа над 670 менаџери, претприемачи и млади таленти.

На Самитот беа опфатени и актуелни теми значајни за бизнисите и граѓаните, како што се дигитална трансформација, зајакнување на претприемачките капацитети, иновации во функција на поголема конкурентност, холистички пристап преку примена на ЕСГ (environment, society, governance) стандардите, како и успешни приказни на компании од регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy