
УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО „ЛИДЛ“, А СЕ ОДНЕСУВА НА КУПУВАЧИТЕ: Еве за што станува збор
Новите правила за клиентите во Германија важат за повратни пакувања. Според германските медиуми, од 1 јануари ќе се зголеми бројот на производи за кои ќе треба да се плати повратна амбалажа, кај нас позната како кауција.
Новата регулатива се однесува на пијалоци со содржина на млеко од најмалку 50 отсто, како и на јогурти и кефири кои се нудат во пластични шишиња, пренесува магазинот Феникс.
Германските медиуми пишуваат дека депозит мора да се плати и за производите од млечна мешавина од брендовите Алди, Лидл и Реве. Меѓутоа, за млеко во пластични шишиња не се наплаќа депозит.
Депозит од 25 центи се наплатува на следните пластични шишиња и конзерви за пијалоци за еднократна употреба како што се овошен сок, минерална вода, изворска вода, трпезна вода, енергетски пијалоци, пиво и мешани пијалоци од пиво (со и без алкохол), мешани алкохолни пијалоци (на пр. алкопи), јаболковина (пенливо вино од јаболка), вино и мешани вински пијалоци, пијалоци од чај и кафе доколку се пијат ладни (како ледени чаеви) и слично.
„Трговците мора да добијат празна амбалажа и да платат еднократен депозит од 25 центи, дури и ако пијалоците се купени во друга продавница. Враќањето на безбедносниот депозит не е поврзано со ново купување“, предупредуваат од советодавното биро за потрошувачи.
