
УШТЕ ЕДЕН ГЕРМАНСКИ БРЕНД ЈА НАПУШТИ РУСИЈА – Готово е
Германската компанија Хенкел, еден од водечките светски производители на хемикалии за домаќинство и индустриски производи, целосно го напушти рускиот пазар.
„Заминувањето од Русија е завршено“, се наведува на веб-страницата на Хенкел, пренесува РИА Новости.
На крајот на април Хенкел објави дека склучил договор за продажба на бизнис во Русија со конзорциум од локални инвеститори во износ од 624 милиони евра, а трансакцијата е веќе завршена.
Минатата пролет Хенкел објави дека се повлекува од бизнисот во Русија, а на почетокот на 2023 година германската компанија работеше во оваа земја како независна компанија Lab industriz.
Познати брендови на компанијата Хенкел се прашокот за перење Персил, козметика Фа, Тафта, Шварцкопф и Шамту, потсетува руската агенција.
Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL
