Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уредот за загревање на тутун GLO ги поместува границите – Добитник на престижната европска  награда за дизајн на производи
Македонија

Уредот за загревање на тутун GLO ги поместува границите – Добитник на престижната европска награда за дизајн на производи

27/02/2025

AA

Откако ја освои престижната европска награда за дизајн на производи во 2024 година, иновативниот GLO уред на БАТ (British American Tobacco) го обезбеди своето место меѓу лидерите во дизајнерската индустрија.

Секоја година, Европската награда за дизајн на производи, собира стотици апликации од целиот свет, а победници се оние кои носат револуционерни идеи и ги редефинираат стандардите во дизајнот. Оваа награда, која ја препознава извонредноста во дизајнот на производите, ја потврдува посветеноста на БАТ за иновации и супериорно корисничко искуство.

Европската награда за дизајн на производи е основана за да го истакне најиновативниот и најкреативниот дизајн на производи на глобално ниво. Жирито, составено од реномирани дизајнери, архитекти и експерти од индустријата, ги оценува производите врз основа на нивната функционалност, естетика и придонес во секојдневниот живот на корисниците. Оваа награда претставува еден од најпочитуваните стандарди во светот на дизајнот, обединувајќи ги најдобрите иновации од различни индустрии.

Уредот за загревање на тутун GLO e дизајниран да им понуди на корисниците модерна алтернатива на традиционалните производи. Неговиот уникатен дизајн и технолошки решенија го издвоија како победник во категоријата индустриски дизајн на производи. Ова признание е потврда за континуираните напори на БАТ да создава производи кои не само што се иновативни, туку и дизајнирани според потребите на корисникот.

Важно е да се нагласи дека во изминатите три години БАТ инвестираше повеќе од 1,4 милијарди евра во развојот, комерцијализацијата и науката зад портфолиото на тутунски и никотински производи со намален ризик*. Стратешката цел на компанијата е да ги префрли пушачите од цигари на алтернативни производи со намален ризик* и да стане бизнис без чад до 2035 година.

„Оваа награда е признание за сите нас во Бритиш Американ Тобако. Тоа ни значи многу, бидејќи е потврда за нашата посветеност на извонредност во дизајнот, но и за нашата крајна цел да ја трансформираме индустријата преку помалку штетни производи*, кои комбинираат врвна технологија и естетика. Признанието за GLO доаѓа како резултат на визијата и напорите на целиот тим на БАТ и дополнително не мотивира континуирано да ги подигаме границите на иновациите“, потенцира Саше Николовски, генерален менаџер за Албанија, Северна Македонија и Косово.

На почетокот на јуни минатата година, БАТ го лансираше уредот GLO HYPER PRO на македонскиот пазар, со што стана првата компанија од индустријата присутна со сите категории производи без чад, вклучувајќи електронски цигари, никотински кесички и загреани тутунски производи. GLO HYPER PRO носи комбинација од технолошки иновации и софистициран дизајн, вклучително и HeatBoost™ технологија за поинтензивен вкус и EasyView™ LED дисплеј за полесно управување со поставките и контрола на користењето.

Покрај уредот HYPER PRO, БАТ го претстави на пазарот и подостапниот GLO HYPER, кој нуди компактна големина, лесно користење и модерен дизајн, идеален за секојдневна употреба. Овој производ дополнително го проширува иновативното портфолио на БАТ и придонесува за глобалната цел да се создаде свет без чад од тутун.

*Врз основа на тежината на доказите и претпоставувајќи целосна транзиција од пушење цигари. Овие производи не се без ризик и предизвикуваат зависност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy