Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА СО НОВ ЧЛЕН – Александра Радевска се вклучи во тимот
Економија

УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА СО НОВ ЧЛЕН – Александра Радевска се вклучи во тимот

13/06/2023

AA

Александра Радевска е нов член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола. 

Согласно правилата за работење на Македонска берза, за измените во Управниот одбор во банката се известува преку соопштение на берзата. 

– Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:

Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-3009/1/I-5 од 28 февруари 2023 година и Решение за издавање претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-11519/11 од 7 јуни 2023 година, за член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е именувана г-ѓа Александра Радевска – се наведува во соопштението на компанијата.

Согласно податоците објавени на веб страната на Стопанска банка Битола, Александра Радевска е дипломиран економист, магистер по економски науки од областа на сметководството и ревизијата.

Таа досега била член на Надзорниот одбор на Банката во неколку мандати од 2013 година. 

Професионална кариера ја започнала во 2003 година во Друштвото за ревизија и консултантски услуги КПМГ Македонија ДОО Скопје како раководител на тим на ревизија, во периодот од декември 2009 година до март 2012 година работи како менаџер за ревизија во Друштвото за ревизија Грант Торнтон ДОО Скопје. Од 2012 година до март 2019 година е раководител на Секторот за ревизија во Друштвото за производство, трговија и услуги Орка Холдинг АД Скопје, а од март 2019 година е назначена за директор на Оддел за финансиски и сметководствени работи во истото друштво.

Поседува лиценца за работа за вршење работи на ревизија за овластен ревизор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026
Македонија

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026
Македонија

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да

30/08/2026
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45337
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026

Осуденик почина во кругот на Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје од последици на струен удар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026

Триесет и седумгодишната бугарска државјанка, која синоќа беше пријавена за исчезната на Шар Планина, денеска е пронајдена жива и во

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да го однесе на безбедна локација

30/08/2026

Автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, но во инцидентот нема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy