Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Љупчо Палевски побара изземање на тројца обвинители меѓу кои и Гаврил Бубевски
Македонија

Љупчо Палевски побара изземање на тројца обвинители меѓу кои и Гаврил Бубевски

14/02/2025

AA

Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска побара изземање на тројцата обвинители од судскиот процес, обвинувајќи ги за пристрасност и злоупотреба на своите овластувања.

Во својата изјава пред судот, Палевски конкретно побара изземање на обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовски и Ана Стојковиќ Димитриевска, како и обвинителот Гаврил Бубевски. Тој обвини дека обвинителите фалсификувале податоци и телефонски анализи со цел да се овозможи лажни сведочења на сведокот Ерол Османи.

Според Палевски, во судските документи се наоѓаат податоци од базните станици, кои, како што тврди, биле искористени за изработка на лажен доказ. Тој посочи дека на денот кога е убиен Панче Жежовски, 22.11.2023 година, податоците од базните станици биле празни, што, според него, е доказ за манипулација со доказите.

Дополнително, Палевски изјави дека исто така се манипулирало со неговите податоци и разговори од базните станици, кои биле искористени против него во текот на истрагата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови

02/09/2026
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и во Македонија

02/09/2026

Компанијата „Старлинк“ најави проширување на својата мобилна услуга во Европа во соработка со телекомуникациската групација „4иГ Груп“, а во плановите

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови од Македонија

02/09/2026

Бран од нестабилно време зафати поголем дел од земјата, донесувајќи слаби до умерени, а наместа и интензивни поројни врнежи од

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy