Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја
Македонија

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

22/04/2024

AA

Властите потфрлија во еден од клучните економски принципи на пазарната економија, особено во земја која цели кон членство во Европската Унија, а тоа е обезбедување конкурентност, пишува А1он.мк

Во магла, далеку од очите на јавноста, се спроведе изборот на универзален снабдувач за електрична енергија. Од Владата соопштија дека на последната седница била избрана најповолна понуда и како што додаваат, во „соодветната постапка е избрана понудата доставена од групата понудувачи ЕВН Македонија“. Сепак, деталите за тоа зошто останатите две компании кои доставија понуди на повикот од декември не биле вклучени во трката, се држат во тајност.

Неофицијално, силен политички притисок стои зад елиминацијата на конкурентите пријавени на огласот, па од тие причини надлежната комисија препорачала само една компанија да продолжи понатаму.

Порталот пишува дека најголема конкуренција на ЕВН Хоум претставуваше ЕДС, зад која стои државната грчка компанија ППЦ. Поради доброто салдо на грчката компанија, се очекувало ЕДС на негативното наддавање да понуди далеку пониска маржа од ЕВН. Според неофицијални извори, воопшто не постоеле основани правни околности со кои може да се оправда исклучувањето од учество на јавната аукција на компанија зад која стои капиталот и корпоративниот имиџ на државната грчка компанија ППС.

Доколку овие информации се потврдат, единствено може да се заклучи дека со ваков пристап надлежните државни институции покажаа сериозно отсуство на волја за обезбедување конкурентност во постапката за избор на унивезален снабдувач со струја за домаќинствата.Тоа е впрочем и еден од фундаменталните економски критериуми за дефинирање на квалитет на услугите и најповолна цена за потрошувачите. Начинот и постапката со која повторно се избра истиот универзален снабдувач отвора сериозни сомнежи дека станува збор за политичка одлука, а Владата фаворизира посакуван партнер.

Ваквата владина одлука единствено ќе се одрази на грбот на потрошувачите. Досега ЕВН Хоум ги снабдуваше домаќинствата и малите потрошувачи со струја со профитна маржа од 11,5 отсто. Неофицијално, за наредните пет години оваа профитна маржа ќе изнесува 9,9%, а од друга страна, конкурентите што се пријавиле на огласот биле подготвени да понудат двојно помала маржа.

Разликата би се броела во милиони евра, кои ќе можеа да се искористат за изградба на патишта, градинки, училишта или да се финансира изградбата на нов Клинички центар. Според грубите пресметки на експертите, поради недостигот на вистинска конкуренција во натпреварот за универзалниот снабдувач граѓаните во наредниот период ќе плаќаат стотици милиони евра повеќе за сметки за струја.

За експертите, сета оваа мистерија околу изборот на универзален снабдувач отвора сериозни дилеми за регуларноста на постапката. Потсетуваат дека пред пет години јавноста имаше речиси комплетен увид во текот на целата постапката. Изборот во 2019 година беше направен според т.н. „отворена процедура“ кој овозможува висока ниво на транспарентност и фер конкуренција согласно Законот за јавни набавки.

Извор: А1он.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИСТУРА БЕС, СЕ СЛУЖИ СО ПРИМИТИВЕН РЕЧНИК И ПОДМОЛЕН

01/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ Најмалку се

01/10/2026
Македонија

НЕРАЗБИРЛИВО Е ЗОШТО 18 МЕСЕЦИ НЕМА ДОГОВОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА

01/10/2026
Македонија

ПРЕД 5 ГОДИНИ САМО ЗА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ИМАЛО ТЕРАПИЈА, А

01/10/2026
Македонија

ОД СТРАВ ИЛИ ОД УЦЕНЕТОСТ, ФИЛИПЧЕ СРАМНО ИЗГУБИ КОНТРОЛА Силни

01/10/2026
Македонија

ИМА ЛИ КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ ЗАЕВ И РАДЕВ? Петрушевски предупредува за

01/10/2026
Македонија

ОД СТРАВ ИЛИ ОД УЦЕНЕТОСТ, ФИЛИПЧЕ ГУБИ КОНТРОЛА Силни осуда

01/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ГО НАВРЕДИ МИЦКОСКИ НАРЕКУВАЈЌИ ГО „КОМПЛЕТЕН ИДИОТ“ Нервозна реакција

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45918
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ ИСТУРА БЕС, СЕ СЛУЖИ СО ПРИМИТИВЕН РЕЧНИК И ПОДМОЛЕН Е Платформата 12.05 вели дека

01/10/2026

Венко Филипче сѐ повеќе личи на неговиот поранешен работодавец Никола Груевски. Сиот личен бес го истура врз оние кои мислат

ФРАПАНТНО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ Најмалку се гинело за време на конфликтот

01/10/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски искажа благодарност до македонските граѓани за покажаното европско однесување, како што рече, дури и

НЕРАЗБИРЛИВО Е ЗОШТО 18 МЕСЕЦИ НЕМА ДОГОВОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МОЈ ТЕРМИН Клековски вели дека

01/10/2026

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy