UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria
UNIQA Insurance Group AG донесе одлука да го продаде својот осигурителен бизнис во Македонија, Косово и Албанија, кој функционираше под едно име ALMAKOS, пишува „Маркетскринер“.
Како што е објавено, како дел од стратешкото управување, UNIQA Insurance Group AG, при оценката на пазарите на кои работи во овие три земји, донесена е одлука да се продадат акциите од осигурителниот бизнис во трите земји на Авни Понари, основачот и малцинскиот акционер на SIGAL Group Austria.
Се очекува договорот да биде потпишан во следните денови.