
Угостителските услуги поскапи за 0,2% во јануари
И покрај релативно умереното месечно темпо, трошоците за угостителски услуги продолжуваат да растат и на почетокот на 2026 година. Во јануари, цените во овој сектор се зголемени за 0,2 проценти во однос на декември 2025 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со јануари минатата година, угостителските услуги се поскапи за 3,4 проценти.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, е евидентирано зголемување на цените од 4,8 проценти.
Анализата по групи покажува дека во јануари 2026 година, во однос на претходниот месец, цените на храната пораснале за 0,3 проценти, додека алкохолните пијалаци бележат раст од 0,2 проценти. Кај безалкохолните пијалаци и ноќевањата не се регистрирани промени во цените.

