
Удинезе руши рекорди со ремија – ѝ ја продлабочи кризата на Аталанта
Аталанта подзастана во пеколната битка за место во ЛШ и сега има 42 бода, шест помалку од вториот Лацио, три зад миланските Интер и Милан, а два зад Рома, но трите клуба пред нив допрва треба да ги играат своите мечеви во ова 25-то коло во Калчото.
За Удинезе ова е 11-то сезонско реми, убедливо најмногу од сите калчолигаши, трето на последните четири меча, па со 32 бода, црно-белите се на деветата позиција на табелата во Серија А.

