Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СПМ: Османи, како потврдено најлош министер, живее во некоја замаглена идеализирана средина во која не ги согледува потребите на државата и граѓаните
Македонија

СПМ: Османи, како потврдено најлош министер, живее во некоја замаглена идеализирана средина во која не ги согледува потребите на државата и граѓаните

04/03/2023

AA

Социјалистичката партија на Македонија преку соопштение во медиумите вели дека со изненадување го проследиле денешното интервју на министерот Бујар Османи за внесувањето на Бугарите во Уставот.

СПМ оценува дека настапувајќи како адвокат на бугарската влада Османи со ништо не го чувствува противењето на огромното мнозинство граѓани кои се изјаснија против оваа промена на уставот.

Османи, како потврдено најлош министер за надворешни работи што некогаш го имала државата Макеоднија, живее во некоја замаглена идеализирана средина во која не ги согледува потребите на државата и граѓаните.

„Османи се фали дека сме кооперативни кон туѓите барања, ама не кажува дека тоа е секогаш на наша штета. Таква кооперативност бараат странските претставници и тоа ја доведе Македонија да се откажува од своето име, јазик, историја, или до фаза на самоисчезнување.

Тешките последиците од такавата политика и од предавничките договори на Заев и Ковачевски, со кои Османи се фали, ќе ги почувствуваат идните генерации. Тоа не е во неговото поле на интерес, туку обратно, се фали со тоа што работи на штета на државата.

Османи смета дека мора да се најде надпартиски консензус за промена на Уставот. Очигледно дека слепилото од партиските интереси не му дозволува реално да гледа и да ги измери последиците од така наметната промена на Уставот. Таквата изнудена насилна промена е со јасни и очекувани последици на кои укажаа бројни видни интелектуалци, експерти, граѓани и сите национално определени луѓе.

Условената и наметната промена на Уставот ќе ги трасира односите на Македонија и Бугарија но во контекст на идни уцени, ветоирања, барања, балансери, порачана едукација и други административни пречки што ќе се поставуваат од бугарското малцинство. Сето тоа е со цел за подредување на Македонија под интересите на други држави и да се блокира постоењето на државата Македонија.

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека заради лошата политика кон Државата која треба да ја претставува, Османи, заедно со премерот Ковачевски мора да поднесат оставки и да овозможат со избори на власт да дојдат лица кои ќе го бранат интересот на државата и на граѓаните во Македонија“, велат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy