
Џуд Белингам – најдобар млад фудбалер во светот
Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд имаше фантастична година, прво во бундеслигашот, а особено во дресот на Реал чиј главен играч е во моментов. На 13 натпревари во дресот на овој тим постигна исто толку голови, последни меѓу нив завчера во Ел Класико во Барселона.
„Ви благодарам на сите што ме поддржувате на ова патешествие, од Бирмингем, преку Борусија Дортмунд и сега во Мадрид. Следува уште повеќе од мене“, изјави Белингам при приемот на признанието што го носи името „Рејмон Копа“.
Иако е уште рано, многумина веруваат дека тој е најсериозен кандидат за Златната топка во 2024 година.
