Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЧИЛИШТАТА ИМААТ ДЕТАЛНО УПАТСТВО ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПО ДОЈАВИ НА БОМБИ Некои училишта не комуницираат редовно со министерството
Македонија

УЧИЛИШТАТА ИМААТ ДЕТАЛНО УПАТСТВО ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПО ДОЈАВИ НА БОМБИ Некои училишта не комуницираат редовно со министерството

16/12/2025

AA

Упатството за постапување по дојави на бомби е доработено во детали и е доставено до сите училишта, но Министерството за образование и наука (МОН) нема информација како се постапува во училиштата.

– Постои несоодветна комуникација меѓу институциите односно меѓу врвните институции на државата со оние што се наоѓаат под неа. Како што министрите имаат обврска, така и градоначалниците и директорите на училиштата имаат обврска. Има препораки како наставникот треба да ги изведе учениците, на која одалеченост од училиштето и после проверката да си ги врати назад на настава. Во однос на превозот е одговорност на градоначалниците – рече Јаневска.

Министерката за образование ова го кажа како надополнување на одговорот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на пратеничкото прашање на Рина Ајдари од Алијансата на Албанците за лажните дојави на бомби во тетовската гимназија и заминувањето на децата од училиштето.

Министерот Тошковски рече дека појава на лажни дојави на бомби имало во повеќе градови и дека се постапува согласно антитеростички протокол секогаш кога станува збор за каква било дојава на бомба без разлика дали е таа во училиште или некаде на друго место каде има поголем број граѓани.

– Сакам да ве уверам дека постапуваме согласно стандарди и протоколи како и останатите европски земји, соодветно делуваме и делуваме и превентивно во рамки на сите оние дејствија кои треба да ги превземеме, но факт е дека мора кога има ваков тип на дојави на бомби согласно протоколот мора да се напушти објектот, мора да се изврши евакуација итн – рече Тошковски.

Тој додаде дека не се согласува со пратеничката дека МВР не постапувало соодветно, туку напротив дека сега многу подобро МВР се справува со ваквите појави. Министерот рече дека при појава на проблеми се прават обиди тие во најбрзо време да се решат, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните особено на децата е прв приоритет.

Ве уверувам дека максимално се преземаат дејствија во надлежност на МВР, рече Тошковски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy