
УЧЕНИКОТ ОД БИХ ПУКАЛ ВО НАСТАВНИКОТ ОД ОДМАЗДА: Јавно најавувал што планира, но никој не реагирал на време
За Klix.ba е потврдена застрашувачка информација која се
однесува на денешниот крвав инцидент
во основното училиште „Лукавац Град“. Како што дознаваат, ученикот пукањето го
извршил од одмазда бидејќи бил исфрлен од училиште, а своите закани ги
најавувал и претходно. Јавноста во Босна и Херцеговина утрово беше згрозена од
информацијата за пукањето во основното училиште „Лукавац Град“, кога ученик со
пиштол пристигнал во образовната установа.
Во таа прилика, според првичните информации, тој го ранил во
вратот наставникот по англиски јазик Недим Османовиќ, кој во тешка состојба бил
пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Тузла. Според неофицијални
информации од истрагата, малолетникот Г.М., кој го извршил пукањето, и
претходно бил познат по недолично однесување, а поради лошо однесување бил
префрлен во друго.
Поради ова почнал
јавно да кажува дека подготвува одмазда, но апсолутно сите се оглувиле на тоа. Во
дворот на ОУ „Лукавац град“ во тек е полициска истрага, а на местото на
настанот континуирано пристигнуваат екипи на итната помош. Внатре во училиштето
има вработени, а на местото пристигнале и претставници на Владата на Т.К.
Набргу по нападот, уапсен е малолетникот кој застрела
наставник и рани неколку други во училиштето во Лукавац, а на социјалните мрежи се појави видео од апсењето.
На видеото се гледаат двајца полицајци како го водат ученикот Г. М. (2008) во правец на бело
полициско комбе. Напаѓачот бил облечен во црна маица и црни панталони и одел
наведнат со лисици на рацете.
ФОТО: YouTube/Print Screen
