Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стефан Богоев ќе биде пречекан со протест како нов директор на Царинската управа
Економија

Стефан Богоев ќе биде пречекан со протест како нов директор на Царинската управа

14/06/2023

AA

Новиот директор на Царинска управа, Стефан Богоев, ќе биде дочекан на новата функција со протест на вработените, кои бараат додаток од 30 отсто на платите, кој им бил ветен со колективниот договор. 

Сојузот на синдикатите ова денеска го соопшти оред јавноста и најави понатамошна можна радикализација со затворање на граничните премини. Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и актуелен потпретседател на СДСМ ќе дојде на чело на Царина на местото на Славица Кутиров.

„Како што најавивме дека ќе имаме жешко синдикално лето, в петок од 12 часот имаме протест во Царинската управа. Вработените во Царинската управа, иако со години имаат право на додаток од 30 отсто, тие не го добиваат. Тие обезбедија 30 отсто покачување на платата во Министерство во финансии, во други институции не добиваат. Ќе направиме предупредувачки протест за вработените во Царинската управа, кои го полнат буџетот со повеќе од 50 отсто. Знаеме дека има нов директор, чекаме прием, да видиме дали ќе нѐ сослуша. Не се откажуваме од барањето. Не нѐ интересира дали има нов или стар директор“, објави Сојузот на синдикатите.

Инаку вчера пред Министерството за финансии протестираа и вработените во Управата за јавни приходи поради тоа што министерот за финансии Фатмир Бесими не дал согласност за потпишување на новиот Колективен договор кој предвидува зголемување на платите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на тротинети низ цела Македонија

29/09/2026

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава. Контролата ја

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy