
Ученик фрлил солзавец во училиште во Сплит?
Паника настана во хрватско училиште, а причината зошто некои ученици имале мачнини се утврдува. Пред училиштето Обрничка во хрватскиот град Сплит, попладнево се собраа пожарникари, Брза помош и полиција, но засега не се знае точно зошто интервенирале, јавува „Слободна Далмација“.
Од Пожарна им потврдиле дека имало евакуација, но само потенцирале дека не се работи за пожар.
„Во 16 часот добивме дојава од Стручното училиште во Сплит дека неколкумина ученици од еден клас имале мачнини. Излеговме на терен со пожарникари и со Брза помош, а по пристигнувањето никој не побара лекарска помош“, изјавил хрватските медиуми Јерко Куревија од ПУ Сплит-Далматинска.
Тој уверува и дека опасност за другите граѓани нема. Наводно ученик фрлил солзавец. Други ученици, пак, слушнале дека се работи за истечен гас.
Наставата продолжи, а некои ученици решија да не се вратат на училиште. По маскрот кој на 3 мај се случи во училиште во Белград, имаше серија инциденти во училиштата во регионот.
foto Duje Klarić/Cropix
