Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери
Македонија

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

05/06/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на државата, а во организација на Инженерската институција на Македонија и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа во претседателскиот Кабинет.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на 20. јубилејна церемонија на „Инженерски прстен“ нагласи дека оваа манифестација во континуитет ја симболизира посветеноста на генерации млади луѓе кон инженерската професија и претставува потсетник за обврската да не се отстапува од високите професионални и етички стандарди на струката. Упатувајќи честитки до годинешните добитници, Претседателот истакна дека од нив зависат идниот развој и напредок на македонското општество и посочи на одговорно користење на знаењата и на вештините за општо добро. Тој ги охрабри младите инженери да се вклучат во глобалниот натпревар на идеи и решенија што можат да придонесат за поодржлив раст и развој за Северна Македонија, за регионот и за Европа.

Добитници на признанието „Инженерски прстен 2023“ се:

–         Елена Настеска – Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,

–         Димитар Гошев – Градежен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,

–         Моника Шаревска – Машински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,

–         Вероника Стојановска – Технолошко-металуршки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,

–         Бојан Софрониески – Факултет за електротехника и информациски технологии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,

–         Симона Цветковска – Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,

–         Милена Трајаноска – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,

–         Ники Петрески – Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,

–         Ева Ристова – Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,

–         Антонио Андоновски – Природно математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,

–         Ана Михаиловска – Факултет за природни и технички науки, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип,

–         Сара Петковска – Технички факултет Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy