Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЉУБОМОРА И НАСИЛСТВО ВО СКОПЈЕ: Ја претепал поранешната партнерка и ја исфрлил од автомобил на бетон – случаен минувач повикал полиција
Македонија

ЉУБОМОРА И НАСИЛСТВО ВО СКОПЈЕ: Ја претепал поранешната партнерка и ја исфрлил од автомобил на бетон – случаен минувач повикал полиција

08/01/2026

AA

Напад од љубомора заврши со болничко лекување за една скопјанка и кривична постапка за нејзиниот поранешен партнер. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против насилникот поради сторено кривично дело „телесна повреда“.

Инцидентот се случил на 4 јануари. Според информациите од Обвинителството, осомничениот, воден од љубомора, најпрво започнал вербално да ја навредува својата поранешна партнерка, за потоа ситуацијата да ескалира во физичко насилство.

Драмата се одвивала во неговиот автомобил. Тој ѝ нанел повеќе удари со тупаници по главата и телото. Насилството кулминирало кога тој насилно ја исфрлил оштетената од автомобилот, при што таа паднала на бетонот помеѓу заштитните столпчиња на коловозот.

Сведок на непријатната сцена бил случаен минувач кој веднаш го пријавил настанот во полиција. Повредената жена била пренесена во болница каде ѝ била укажана лекарска помош.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост. За насилникот е побарана забрана за приближување и остварување каков било контакт со жртвата додека трае кривичната постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Пожарот кај Штип зафати и викендици, едно лице е

11/06/2026
Македонија

Од утре во сила: Со „Б“ категорија ќе може да

11/06/2026
Македонија

ДЗР: Слабости во системот за социјална помош довеле до неосновани

11/06/2026
Македонија

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско

11/06/2026
Македонија

Енес Демири ослободен од обвинение за убиството кај „Пластичарска“

11/06/2026
Македонија

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило – шест возеле

11/06/2026
Македонија

Начевски: Проектот Иловица претставува една од најголемите потенцијални рударски инвестиции

11/06/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Презентирани докази за обезбедувањето „Рубикон“

11/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43713
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Пожарот кај Штип зафати и викендици, едно лице е повредено

11/06/2026

Пожарот кој од вчера е активен во источна Македонија, попладнево се засилил. Според пожарникарот Александар Ѓорѓиевски, состојбата е загрижувачка и

Од утре во сила: Со „Б“ категорија ќе може да се вози мотоцикл до 125

11/06/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги финализираше сите неопходни формално-правни и технички предуслови за имплементација на новите законски измени. Од

ДЗР: Слабости во системот за социјална помош довеле до неосновани исплати и буџетски загуби

11/06/2026

Неадекватни контроли и недоволна размена на податоци меѓу институциите довеле до исплата на социјална помош на лица кои не ги

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy