Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Убиени израелски туристи во Египет: Во нив пукал полицаец
Македонија

Убиени израелски туристи во Египет: Во нив пукал полицаец

08/10/2023

AA

Египетски полицаец денеска застрела израелски туристи во пристанишниот град Александрија на Средоземното Море, при што уби најмалку двајца Израелци и еден Египќанец, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи.

Телевизискиот канал „Екстра њуз“, тесно поврзан со египетските безбедносни агенции, цитираше неидентификуван безбедносен службеник кој вели дека уште едно лице е рането во нападот во близина на Колоната на Помпеј.

Како што се наведува, осомничениот напаѓач е приведен.

„Полицаец во Александрија пукал со своето лично оружје по случаен избор кон група израелски туристи… Двајца туристи загинаа како и еден Египќанец, а полицаецот е приведен“, соопшти телевизијата.

Безбедносните сили брзо го опколија местото на нападот. Во аматерското видео објавено на социјалните мрежи, се гледаат три возила на брза помош кои ги носат жртвите во болница, додека луѓето се собираат зад полициската ограда.

Израелската спасувачка служба Зарка извести дека во Александрија загинале две лица.

Нападот во Египет се случи во време кога израелската армија се судри со палестинските екстремисти по ненадејниот напад на Хамас врз Израел.

Египет склучи мир со Израел во 1979 година и долго време посредува во израелско-палестинскиот конфликт.

Во таа земја, и покрај мирот, расте антиизраелското расположение, особено во време на насилство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Иран нападна американски бази во Катар и во Ирак

23/06/2025

Експлозии денеска се слушнале над Доха, пренесуваат новинските агенции „Ројтерс“ и АФП. Иран наводно лансирал ракети на амеирканската база во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy