
Убедлив триумф на Интер, Салернитана немоќна и со новиот тренер (ВИДЕО)
Раководството на Салернитана не дозволи братска пресметка денеска откако по минатото коло му даде отказ на Пипо Инзаги.
Симоне Инзаги немаше милост кон фенерџијата, па Интер брзо им ја наполни мрежата.
По само 45 минути беше решен победникот на мечот, во првото полувреме со голови на Турам, Лаутаро и Думфрис Интер водеше со 3-0.
Пред самиот крај на мечот Арнаутовиќ ги постави конечните 4-0.
Пред овој дуел се одигра и мечот меѓу Торино и Лече кој го добија домаќините со 2-0.
