Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Познат фотограф се пожали: Ми пропаднаа нови кампањи оти немам патна исправа, за која се чека со месеци
Магазин

Познат фотограф се пожали: Ми пропаднаа нови кампањи оти немам патна исправа, за која се чека со месеци

16/02/2024

AA

Револтот кај граѓаните се уште трае поради хаосот со вадењето на лични документи и патни исправи. Вријат и социјалните мрежи. Па, вечерва реши да се огласи и познат фотограф од Македонија, на кој поради бавниот процес за вадење на нови пасоши, му пропаднале работни кампањи во странство. Како што пишува Стефан Соколовски, досега му пропаднал работен ангажман во Дубаи, голема модна кампања во Солун, а на „стаклени нозе“ е и две важни кампањи во Милано, за светски брендови..
Во продолжение ја пренесуваме неговата целосна реакција:
„Како со мирен и здрав разум да дозволам поради неспособноста на внатрешните органи на Република Северна Македонија да ми пропадне огромна и ретка шанса – професионална прилика за која работам +10 години во модната индустрија?
Поради немање сеуште готова нова патна исправа за која се чека со месеци, поради нови закони за кои не се способни да ги извршат, да се снабдат со ресурси за спроведување на истите , јас треба да седам мирно и спокојно и да дозволам да ми пропаднат две нови идни кампањи во Милано: кампања за Philipp Plein и уште
еден светски познат италијански бренд ( МSGM ).
Покрај тоа веќе ми пропадна работен ангажман и патување во Дубаи , а денеска уште еден пропаднат проект – голема модна кампања во Солун
во која што беше вклучен тим од +10 луѓе од Македонија.
Покрај тоа што никакви прилики за развој на кариери и уметност нема кај нас, од сега со вакви ноќни кошмари од ситуации сведочиме дека нашата држава станува и деструктивна за успешни кариери доколку си Македонец во старт
Апел за помош до некој кој може да направи големо хумано дело – да помогне во снабдување за пасош ( колку бизарно и тажно звучи ) “

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44753
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 12,6 милиони денари

30/07/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен 29-годишен гевгеличанец

30/07/2026

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како вози со 204 километри

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на јули исплатил вкупно 560,9 милиони денари за надоместоци по основ на привремена

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy