
Уапсени уште 13 лица поврзани со трагедијата во Кочани
Вечерва се уапсени нови 13 лица во рамки на истрагата за трагедијата во Кочани.
Според информациите приведени се началници и полицајци кои биле на смена кобната ноќ кога изби пожарот во дискотеката Пулс.
Вкупно приведени се 13 лица: Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).
Овие апсења следуваат по веќе преземени мерки од страна на полицијата и обвинителството, откако беше отворена истрага за трагичниот настан што се случи пред неколку дена во Кочани.