Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уапсен тетовец кој со камион прегази тројца камионџии на обиколница па избега
Магазин

Уапсен тетовец кој со камион прегази тројца камионџии на обиколница па избега

11/03/2023

AA

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

На 7 март, осомничениот управувал товарно возило „Мерцедес“, по средната сообраќајна лента од автопатот Мајка Тереза, во близина на клучката Стенковец, не се придржувал кон прописите, го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Тој не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, густината во сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навреме да запре. Со предниот десен дел од возилото со кое управувал удрил во левиот страничен дел на товарно возило „МАН“ со кумановски регистарски ознаки кое било запрено на десната сообраќајна лента наменета за принудно запирање поради дефект.

По ударот, запреното возило се придвижило нанапред и удрило во телото на едно оштетено лице кое стоело меѓу кабината и товарниот сандак и изведувало механичарски работи над товарното возило „МАН“.

Од ударот оштетениот добил тешки телесни повреди и починал на лице место, а со телесни повреди се здобил и шоферот на запрениот камион и уште едно лице кое стоело во близина.

По несреќата, осомничениот веднаш го напуштил местото без да им укаже помош на повредените.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор спрема осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и вештаците или да го повтори делото.​

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
Македонија

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026
Македонија

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44901
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница на вратен пршлен ќе биде

07/08/2026

Момче од Македонија утре ќе биде транспортирано од Турција во земјава со владиниот авион, откако при пад од тобоган во

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл во Куманово, компанијата ќе вработува

07/08/2026

Тимот на Lidl во Македонија продолжува да расте. Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy