Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уапсен маж од ресенско, мамел граѓани со наводни сообраќајни незгоди низ Битола!
Македонија

Уапсен маж од ресенско, мамел граѓани со наводни сообраќајни незгоди низ Битола!

09/02/2026

AA

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција, РЦГР Запад и РЦГР Југ до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против В.П.(40) од с. Стење, ресенско, а со престој во Битола и против непознато лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело по чл. 247 ст.1 од КЗ „измама “.

На 05.02.2026 околу 11:30 часот во Битола, пријавените со цел за себе да прибават противправна имотна корист, довеле во заблуда 72-годишна битолчанка така што на нејзиниот мобилен телефон и се јавил второпријавениот и кажал дека нејзината снаа е тешко повредена и дека мора да даде пари и злато за да се направи операција. По кратко време, второпријавениот дошол во домот на пријавителката и таа му дала една златна огрлица и едно златно ланче со привезоци. Со стореното кривично дело пријавените се стекнале со имотна корист од околу 40.000 денари.

Исто така, на 06.02.2026 околу 09.30 часот во близина на Саат кулата во Битола, пријавените довеле во заблуда 76 -годишна битолчанка и нејзиниот сопруг. Второпријавениот се јавил на телефонскиот број на оштетената и се претставил како доктор од охридска болница и рекол дека нејзината внука е тешко повредена и мора да даде пари за да се направи операција. Оштетените, според договореното, отишле кај Саат кулата во Битола и му дале 7000 евра на првопријавениот.

По добиените пријави, од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности за расчистување на случаите. Извршени се претреси на повеќе локации кои ги користи провопријавениот, при што пронајдени биле предмети кои потекнуваат од кривичното дело, по што В.П. е лишен од слобода, поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Се преземаат мерки за пронаоѓање и на второпријавеното лице.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Маж доби кривична пријава, пополнил изјава за изгубена возачка, но

09/02/2026
Македонија

Томовски најавува купување и на ново блиндирано возило, старото не

09/02/2026
Македонија

СО АВТОБУС СЕ ЗАБИЛ ВО КАБИНА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН Косовец

09/02/2026
Македонија

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица

09/02/2026
Македонија

Стигна одлуката: Во Кочани ќе се гради спомен-обележје „Патека на

09/02/2026
Македонија

ШУГАТА НЕ ПОТЕКНУВА ОД ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА Министерството за одбрана апелира

09/02/2026
Македонија

Уапсен маж од ресенско, мамел граѓани со наводни сообраќајни незгоди

09/02/2026
Македонија

Доживотен затвор за штипјанецот кој си ја уби сопствената мајка

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41241
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Маж доби кривична пријава, пополнил изјава за изгубена возачка, но истата му била приложена во

09/02/2026

Кривична пријава доби 48-годишно лице М.М. од село Извор, општина Чашка. За него постои основа на сомнение за сторено кривично

Томовски најавува купување и на ново блиндирано возило, старото не ги исполнувало безбедносните стандарди

09/02/2026

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, на денешниот брифинг со новинарите информираше за лошата состојба

СО АВТОБУС СЕ ЗАБИЛ ВО КАБИНА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН Косовец предизвикал несреќа на Долно Блаце

09/02/2026

Доцна синоќа во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Република

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy