
Уапсен маж кој на брат му праќал хероин преку пакет додека бил во затворот во Велес
Во текот на вчерашниот ден 52-годишен маж доставил пакет до затворот во Велес каде што неговиот брат издржувал казна, а во него чуварите нашле хероин.
„На 20.06.2023, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Д.(52 год) од Велес. Во пакетот кој го доставил на неговиот брат А.Д.(45 год) од Велес, кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа – Отворено одделение Велес, затворските службеници пронашле и одзеле две пакувања со хероин“- соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

