Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уапсен екс-правобранителот Фехми Стафа, под сомнение за тежок поткуп
Македонија

Уапсен екс-правобранителот Фехми Стафа, под сомнение за тежок поткуп

13/12/2025

AA

Поранешниот Државен правобранител на Македонија, Фехми Стафа, вечерва е лишен од слобода во полициска акција. Апсењето на еден од некогашните клучни луѓе за заштита на државниот имот предизвика силен одек во јавноста.

Иако официјалните институции сè уште не излегуваат со детално соопштение, првичните информации укажуваат на сериозни сомневања за коруптивни дејствија.

Според неофицијални и сè уште непотврдени информации од истрагата, Стафа е приведен поради основи на сомнение за сторено кривично дело поврзано со примање поткуп.

Извори блиски до истрагата брифираат дека станува збор за сума од неколку десетици илјади евра, пари кои наводно биле барани или примени за извршување или неизвршување на службено дејствие.

Во моментов не се познати повеќе детали за околностите на апсењето, ниту дали во акцијата се опфатени и други лица. Се очекува Министерството за внатрешни работи и надлежното Обвинителство во текот на ноќта или утрешниот ден да излезат со официјални информации за случајот и за правната квалификација на делото.

Стафа на функцијата дојде како предлог на Алтернатива, а се поврзуваше и со ДУИ. Против Стафа, имаше и низа пријави во Финансиската полиција.

Фехми Стафа ја извршуваше функцијата Државен правобранител, институција чија примарна задача е да ги штити имотните права и интереси на Македонија пред судовите и органите на управата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy