Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уапсен битолчанец кој преку телефон измамувал лица за пари
Македонија

Уапсен битолчанец кој преку телефон измамувал лица за пари

24/10/2025

AA

По преземени мерки и активности во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.А.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“.  

Имено, на 23.10.2025 пријавениот со уште едно лице во три наврати и со лажно прикажување или со прикривање факти измамиле 88-годишна битолчанка и 67-годишен битолчанец и се обиделе да измамат 92-годишен битолчанец. Делото го сториле на тој начин што другото лице телефонски им се јавило и ги довело во заблуда дека нивни блиски направиле сообраќајна несреќи и доколку не сакаат да одат во затвор ќе треба да им платат одредена сума на пари. Битолчанката на возраст од 88 години и 67-годишниот битолчанец им дале 54.000, односно 900 евра и 22.000 денари, а парите ги земал првопријавениот. Додека, 92-годишникот откако тргнал да ги однесе парите на договореното место, бил спречен од неговите син и снаа.  

По преземени мерки, истиот ден во 17:10 часот во Битола, полициски службенци од СБР  Битола го лишиле од слобода Б.А. и при преглед кај него пронајдени се мобилен телефон и паричник со пари кои потекнуваат од кривичните дела. Со него е извршен службен разговор, при што го признал делата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy