Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Могила останува без втор круг: Пивковски се повлече, Саботковски ја презема функцијата градоначалник!
Македонија

Могила останува без втор круг: Пивковски се повлече, Саботковски ја презема функцијата градоначалник!

24/10/2025

AA

По повлекувањето на независниот кандидат Сашо Пивковски од изборната трка за градоначалник, општината Могила останува без втор круг, а нов градоначалник ќе биде Драганчо Саботковски од коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во првиот изборен круг, одржан на 18 октомври, Саботковски освои 1.662 гласа, додека Пивковски доби 1.253. Повлекувањето на Пивковски ја направи непотребна организацијата на втор круг гласање.

„Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент, во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите“, изјави Пивковски.

Тој додаде дека останува лојален на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи: „Вистинското лидерство не се покажува само кога чекориш напред, туку и кога знаеш достоинствено да застанеш на страна.“

„Свесен сум дека оваа вест ќе изненади многумина, но ја носам со мирна совест и чувство на одговорност. Ќе продолжам да бидам тука – достапен, искрен и подготвен да помогнам секогаш кога ќе има потреба“, додаде Пивковски.

Со оваа одлука, Саботковски автоматски ја презема функцијата градоначалник на општина Могила.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
Македонија

Одбраната на случајот „Онкологија“ тврди дека не може да има

26/08/2026
Македонија

48-годишен маж од Прилеп во повеќе наврати извршил обљуба врз

26/08/2026
Македонија

Штипјанка измамена за 4.713 евра: Лажен директор на финансиско друштво

26/08/2026
Македонија

Ангелов: Не стивнуваат пожарите на отворено, во текот на вчерашниот

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45272
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во Скопје

26/08/2026

Граѓаните од денеска можат во секое време и на едно место да ја следат епидемиолошката состојба со западнонилската треска во

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026

Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во водите на реката Вардар, на подрачјето на општина Гази Баба, информира Министерството за

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми и шахти во Аеродром, Ново

26/08/2026

Новата веб-страница на Министерството за здравство посветена на состојбата со западнонилската треска покажува каде во државата се регистрирани случаи на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy