Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Њу момент“ 30 години ја поттикнува и унапредува македонската креативност
Економија

„Њу момент“ 30 години ја поттикнува и унапредува македонската креативност

11/12/2023

AA

Повеќе од 110
реномирани меѓународни награди, подготвени и реализирани над 7.500 кампањи,
соработка со 600 клиенти, како и 300 вработени се само дел од успесите и
достигнувањата на маркетинг-агенцијата „Њу момент“, која што годинава
одбележува три децени од своето основање. Како еден од главните поставувачи на
темелите на домашниот адвертајзинг, тимот предводен од Сашо Пешев изминативе 30
години на најразлични начини ја поддржува и ја унапредува македонската
креативност.

– Приказната
на „Њу момент“, најмногу за нас, што сме дел од неа, но се надеваме и за
опкружувањето во кое што живееме и работиме, е инспиративна затоа што докажува
дека креативноста не опстојува само во големите земји и на нивните пазари, туку
таа се раѓа, се развива и остварува врвни резултати и во мали региони како
нашиот, не само балканскиот, туку и македонскиот. Соработката и пријателството
со Драган Сакан, којшто стои зад идејата на нашата, сега голема, а во 1993
година, агенција во зародиш, се основаше токму на вербата во квалитетите, пред
сè, на нашите луѓе, но и на искуствата наталожени во овие простори. Таа верба
изминативе три децении ни овозможи да креираме идеи и решенија кои што можат да
стојат рамо до рамо со светските
– вели Сашо Пешев, генерален директор на „Њу момент Скопје“ и партнер во агенцијата која што има канцеларии и во Србија, Словенија,
Бугарија, Хрватска, Албанија и во Косово.

Агенцијата ја
одбележа 30-годишнината со мултимедијален настан на којшто гостите имаа можност
да се потсетат на дел од кампањите, креативните решенија и интернационалните
награди на „Њу момент“. Гораст Цветковски ги водеше присутните низ своевиден времеплов
на идеите, дел од програмата беа и бендот на Здружението на џез-музичари,
Влатко Стефановски, групата трубачи предводена од Кинг Наат Велиов, диџејот
Драган Б. Костиќ, а сликарски перформанс имаше уметницата од Белград, Мина
Давидовац.

Меѓу големиот
број награди на „Њу момент“ се и двата лава од интернационалниот фестивал на
креативноста во Кан. Првиот, освоен во 2013 година, е за проектот „10 метри одвоени –
Ден на заедничка молитва“, во категоријата „Титаниум – интегрирана кампања“. Вториот, сребрен, со којшто компанијата
се закити во 2015 година е за „Црвениот телефон“ во категоријата
каде што се наградуваат најдобрите ПР-идеи.

„Њу момент“ ја
прослави својата 30-годишнина во новиот креативен простор во Скопје, „Лабораториум“.
Се работи за културно-едукативен центар со којшто започнува нова ера во
образованието и културата во земјава. Тимот кој што стои зад овој простор цели
кон зајакнување на вештините кај младите со нови образовни форми, овозможувајќи
креативна работа и изразување, враќање кон заборавените занаети и слобода за
различните форми на уметничка работа.

Погледнете го видеото од прославата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy