Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тужители на Жан Митрев сами барале хемофилтрација, некои биле одбиени од лекарскиот конзилиум
Македонија

Тужители на Жан Митрев сами барале хемофилтрација, некои биле одбиени од лекарскиот конзилиум

14/09/2023

AA

Тужители на Жан Митрев сами барале хемофилтрација а некои од нив биле одбиени од лекарскиот конзилиум, откриваат членови на одбраната на кардиологот кој се соочува со тужба од своите пациенти на кои тој одбивал да им даде тоа што го барале затоа што сметал дека не им е потребно.

На пациенти кои имаат поднесено тужба против приватната болница Жан Митрев, за лекување од Ковид 19 со хемофилтрација, а кои биле одбиени од болницата за третмани со овој метод подоцна им биле вратени парите кои ќе ги плателе ако конзилиумот одлучил поинаку.

„Никола го примија на 24 март 2021 година во болницата Жан Митрев, тој си отиде спремен со пари во него за пакетот 12.000 евра, ова ни го кажаа и по телефон за да прашам дали имаат место, но и си го знаевме, бидејќи иста беше постапката и за свекорот. Кога го примија првите денови беше навистина добар, Ви предочувам и пораки од комуникација која ја имав постојано со него, и тој навистина се чувствуваше добро. На 27 март 2021 година, се сеќавам дека ми се јави и ми рече дека ќе го стават на хемофилтрација, дека го преместиле во друга соба. Тој цела ноќ бил во исчекување дека ќе му направат хемофилтрација, но утредента ми рече дека е одлучено од конзилиум од лекарите да не му прават. Инаку Никола самиот веруваше дека хемофилтрацијата е многу добра, дури и во пораките ќе забележите дека ми пишува дека ќе сака да му направат хемофилтрација и вели дека на тие кои им прават побрзо се подигаат, така мислеше тој“.

Вака сведочела на судското рочиште, Мелита Брезова, сопругата на велешанецот Никола Брезов, чие семејство има поднесено тужба против болницата Жан Митрев за оштета а притоа на сите од семејството вратени им се парични средства приближно 26.000 евра.

„Наредните денови се до 7 април 2021 година ситуацијата според параметрите кои ги покажуваа испитувањата па и мојот впечаток, јас постојано го слушав и одев на посети речиси секој ден, беа многу подобрени. Ќе видите и во пораките дека тој пишува дека се осеќа добро, ние практично бевме уверени дека веќе и ќе излегува, а и наш пријател од Велес, доктор Ѓоре Арсов кој ни е семеен пријател и отиде да го посети како пријател, кога го посети и ги виде неговите параметри, рече дека можеме дури и сега да си го земеме, буквално така рече – ’немој да фрлате пари добар е’. Но, се одлучивме да остане уште неколку дена заради подобри услови за него“, дополнила во својот исказ во судница Мелита Брезова.

Понатаму во своето сведочење таа тврди дека „стриктно во однос на хемофилтрацијата веќе Ви реков дека токму Никола беше оној кој кога одеше во Клиниката Жан Митрев за да превентивно се пријави за лекување за да случајно не му се влоши состојбата повеќе, беше оној кој беше уверен дека хемофилтрацијата ќе му помогне ако дојде до тоа, истото се забележува и од пораките кои ми ги праќаше мене токму тој, вистина веруваше во тоа“.

Но, и покрај ваквото сведочење, Брезова оценила дека „конкретно за хемофилтрацијата се чувствува оштетена и бара оштетно побарување“ и тоа износите кои ги платила, според нејзина евиденција три хемофилтрации од по 183.000,00 денари.
Во извештаите, пак, од болницата Жан Митрев, стои дека биле лекувани пет пациенти од семејството Брезови. Двајца се хоспитализирани пред Никола Брезев, а двајца после неговата хоспитализација. Кај тројца од нив воопшто не е употребена хемофилтрација.
Три хемофилтрации имало кај пациентот Никола Брезев, а една хемофилтрација му била направена на Борче Леков, зет за сестра на Никола. Кај таткото, мајката и ќерката на Никола не била направена ниту една хемофилтрација, иако тие биле хоспитализирани и лекувани од Ковид 19 во болницата Жан Митрев.

Притоа на сите им се вратени парични средства за неискористените хемофилтрации, приближно 26.000 евра.

Од одбраната на Митрев велат дека би било добро Мелита Брезева јавно да објасни врз основа на што е покрената тужбата против докторот и клиниката кога:

– од клиниката Жан Митрев не бил вршен притисок кон нејзиното семејство за да се примени хемофилтрација

– на сите пет члена на семејството не им било препорачано да им се направи хемофилтрација туку само на тие пациенти за кои имало проценка дека може да им биде од корист

– како што самата изјави, на сите за кои лекарскиот конзилиум одлучил дека нема потреба од хемофилтрациија им се вратени парични средства за неискористените хемофилтрации

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy