
Турските власти уапсија двајца осомничени за убиството во католичка црква во Истанбул
Турските власти уапсија двајца осомничени за убиството на едно лице за време на богослужба во католичка црква во Истанбул. Во нападот на италијанската католичка црква Санта Марија бил убиен турски државјанин.
Двајцата напаѓачи носеле маски и биле присутни со верниците за време на неделната молитва.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот преку објава на Телеграм, велејќи дека нападот бил одговор на повикот на лидерите на Исламска држава да ги таргетираат евреите и христијаните.
