
ТУРИЗМОТ ВО АЛБАНИЈА ДОЖИВУВА БУМ: Имале за 38 отсто повеќе посетители од лани
За пет месеци Албанија ја посетиле 3,3 милиони туристи или 38 отсто повеќе од истиот период лани.
Министерката за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро, денеска ги објави бројките. Околу 974 илјади странски туристи ја посетиле Албанија во текот на месец мај.
Министерката Кумбаро, редовно врши обиколката во приморските општини со цел следење на исполнувањето и почитувањето на стандардите, чистотата, јавните простори и безбедноста во туризмот.
Таа, на крајбрежјето, посети и неколку здравствени амбуланти, од вкупно 34, колку што се веќе ставени во служба на туристите.
Минатата година Албанија забележа рекордна посетеност од над 10 милиони туристи, што е над 2,5 милиони повеќе споредено со претходната година.
foto freepik.com/prehis