Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТУРИСТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ КОНЕЧНО ДОЧЕКАА СМЕНА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА ТУРИЗАМ – новата директорка Лескаровска треба да го врати линкот со туристичкиот сектор
Економија

ТУРИСТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ КОНЕЧНО ДОЧЕКАА СМЕНА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА ТУРИЗАМ – новата директорка Лескаровска треба да го врати линкот со туристичкиот сектор

03/01/2024

AA

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и официјално ја информира јавноста дека Владата, на владина седница одржана на 26 декември минтата година, го разреши Љупчо Јаневски од должноста директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, поради истек на мандатот. На истата седница, Владата ја именуваше м-р Јасмина Лескаровска за вршител на должноста директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

На денешната средба, како што известуваат од Агенцијата, претседателот на Советот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, г-дин Аркан Керим и ја честитал директорската позиција на м-р Јамина Лескаровска. 

„На почетокот од нејзиниот мандат еден од приоритетите е итно свикување на Советот на АППТ, со цел запознавање на членовите на Советот со затекнатата состојба во институцијата и годишниот план за работа, со силна волја за враќање на комуникацијата со туристичкиот сектор.

Лескаровска во разговор со г-дин Керим потенцираше на несебична заложба и професионално прифаќање на предизвиците со кои се соочува Агенцијата за туризам. Не се сомнева дека со тимот вработени во АППТ повторно ќе ја стекне довербата кај туристичкиот сектор и ќе го врати авторитетот на институцијата, а со тоа ќе ја зајакне надлежноста утврдена согласно Статутот на Агенцијата за унапредување и континуирана соработка и поддршка на туристичката индустрија.

Приватниот туристички сектор го препознава професионализмот и залагањата на Лескаровска која долги години работи во АППТ, а на директорската функција доаѓа од Секторот за проекти, поддршка на туризмот и административно – правни работи. Како личност, која со ентузијазам ја извршува својата работа, Лескаровска низ годините беше иницијатор за изработка на работни процеси во АППТ кои се од клучно значење за навремена и транспарентна реализација на планираните активности. Учествуваше во изработка на годишните планови за работа на АППТ како и финансиските рамки за реализација на програмските активности. Лескаровска несебично се залага за целокупно унапредување и функционирање на Агенцијата за туризам како водечка институција за промоција на туристичките дестинации и поддршка на туристичкиот сектор во развојот на туристички продукти за поголема конкурентност на државава“, се вели во соопштението од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОПОЖАРЕН БАГЕР ШТО РАБОТЕЛ НА СТАДИОНОТ „ШКЕНДИЈА“ ВО АРАЧИНОВО Дали

01/10/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (2) Василиј II

01/10/2026
Македонија

РЕКОРД ВО СЕПТЕМВРИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПОРТАЛ ЗА УСЛУГИ Поднесени 27.345

01/10/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЛЕКАРИ ОД БИТОЛА ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА СМРТТА НА ПАЦИЕНТКА

01/10/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45907
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОПОЖАРЕН БАГЕР ШТО РАБОТЕЛ НА СТАДИОНОТ „ШКЕНДИЈА“ ВО АРАЧИНОВО Дали станува збор за политички мотивирана

01/10/2026

Багер, кој се користел за изградба на стадионот на „Шкендија“ во Арачиново, изгорел во пожар што бил пријавен во полиција

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (2) Василиј II не бил „Бугароубиец“ кога војувал

01/10/2026

Новите непријатели произлезени од Самуиловата држава биле означувани како „Скити“ и во фиктивниот епитаф на Никифор II Фока, содржан во

РЕКОРД ВО СЕПТЕМВРИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПОРТАЛ ЗА УСЛУГИ Поднесени 27.345 барања за електронски услуги

01/10/2026

Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk во септември забележа рекордна употреба – во текот на месецот граѓаните и компаниите поднеле

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy