
Туристи од целиот свет се потсмеваат на новогодишната елка во Скопје: „Страшно, грдо за гледање“
Кривата и нецлосна елка во Скопје привлече голем број туристи кои масовно доаѓаат да се фотографираат покрај оваа атракција.
Пред новогодишните и божиќните празници, сите градови во светот традиционално се натпреваруваат кој ќе има најубаво украсување. Но, елката во Скопје за кратко време стана предмет на потсмев.
Оваа елка стана хит на социјалните мрежи, а многу луѓе правеа споредби со кривата кула во Пиза.
На почетокот делува како елката да не е целосно накитена, и недостига дури и горниот дел, а покрај сето тоа е и искривена.
„Во Скопје почнаа да пристигнуваат голем број туристи од целиот свет за да се сликаат со кривата елка. Во хотелите се бараат повеќе кревети“, стои во друг коментар, заедно со сатирична фотографија.
„А ако сакате да бидете оптимисти и позитивни и да се чувствувате добро, погледнете како е Скопје. Родителите ги влечат своите деца во трговски центри за да ја видат накитената елка“, се вели во друг коментар.
