
Турист во Црна Гора нарачал кафе со овесно млеко – но што добил?
Турист во Црна Гора сакал да се напие кафе со овесно млеко, но добил нешто друго.
Снимката на турист кој во Црна Гора нарачал кафе со овесно млеко, а добил нешто сосема друго, е хит на ТикТок деновиве.
Особено по паднемијата порасна побарувачката за млеко од билни суровини, па се почесто се пие овесно, бадемово, оризово или кокосово млеко.
Така еден турист сакал да се напие кафе со овесно млеко, но добил ристрето и голема шолја со овесна каша. Како што нагласи и самиот, и покрај смешната ситуација, му оставил убав бакшиш на келнерот, кој сепак се потрудил некако да му излезе во пресрет, иако баш и не успал во тоа. Инаку, Црна Гора доби пофалби за природните убавини од повеќе светски магазини оваа година.
