Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТУРЦИТЕ СЕ РЕКОРДЕРИ: Колку часа неделно работат нивните работници?
Економија

ТУРЦИТЕ СЕ РЕКОРДЕРИ: Колку часа неделно работат нивните работници?

17/06/2025

AA

Турците се едни од народите кои имаат најдолга работна недела во Европа. 

Европејците поминуваат помалку време на работа, а просечниот број на работни часови неделно во Европската Унија(ЕУ) се намалил за еден час во последните десет години. Во речиси половина од 34 анализирани европски земји, падот бил уште поизразен. 

Според податоците на Евростат за 2024 година, работната недела во Европа трае од 32,1 часа во Холандија до дури 39,8 часа во Грција. Во поширокиот европски регион, рекордер е Турција со 43,1 часа неделно. Србија е високо на листата, со просек од 41,3 работни часа неделно, додека Босна и Херцеговина (41,1) и Црна Гора (42,8 во 2020 година) се блиску до тој просек.

Од друга страна, на север и запад од Европа, работните недели се значително пократки. Холандија, Норвешка, Австрија и Данска имаат просек од 33 часа работа неделно. Овие земји се карактеризираат со висока продуктивност, силни закони за труд и флексибилни работни аранжмани.

Во најголемите економии на ЕУ, како што се Италија (36,1) и Шпанија (36,4), работната недела е малку над европскиот просек. Велика Британија бележи ист просек како Шпанија, но најновите податоци датираат од 2019 година – веројатно овие бројки се пониски денес.

Од 2014 до 2024 година, зголемување на неделното работно време е забележано само во четири земји – во Литванија, Кипар и Малта овој раст беше минимален, додека во Србија беше значаен: дури 1 час и 42 минути повеќе.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45636
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат

11/09/2026

Одлуките на Врховниот суд за укинување на пресудата за случајот „Ласкарци“, како и за предметот против Стевчо Јакимовски, предизвикаа остра

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен ветер

11/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари – нема повредени

11/09/2026

Голем пожар ноќеска избувна во трговски објект во скопската општина Шуто Оризари, при што изгореа повеќе од дваесет дуќани. Според

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy