Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Турција е една од сеизмички најкревките области во светот
Македонија

Турција е една од сеизмички најкревките области во светот

06/02/2023

AA

Турција, која беше погодена од два исклучително силни земјотреси, се провлекува низ неколку раседи, меѓу евроазиската и африканската тектонска плоча, и затоа е меѓу сеизмички најактивните области во светот. Само минатата година турските сеизмолози забележаа повеќе од 22.000 послаби земјотреси. Земјотресот што се случи пред понеделник наутро со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала е еднаков на земјотресот од 1939 година во кој загинаа 33.000 луѓе, пренесува агенцијата СТА.

Овој земјотрес ја погоди Турција ноќта меѓу 26 и 27 декември 1939 година. Со магнитуда од 7,8 степени е вториот најсилен земјотрес регистриран во Турција. Според информациите објавени од Википедија, само земјотресот во северна Анадолија во 1668 година бил посилен. Во исто време, земјотресот што се случи на крајот на 1939 година, со епицентар во близина на градот Ерзинџан, неколку стотици километри северно од денешниот епицентар во јужниот до југоисточниот дел на Турција, беше најсмртоносната природна катастрофа во современата турска историја. Речиси 33.000 луѓе загинаа, околу 100.000 беа ранети.

Катастрофалниот земјотрес што се случи во 1999 година е дел од серијата силни земјотреси долж северноанадолскиот тектонски расед помеѓу евроазиската и анадолската плоча, кои веќе биле активирани 60 години порано. Се случи на 17 август 1999 година, со јачина од 7,6 степени и со епицентар во близина на градот Измит на западот на земјата, на околу стотина километри источно од Истанбул. Во тој земјотрес загинаа повеќе од 17.000 луѓе, според некои податоци повеќе од 18.000. Земјата се тресела 37 секунди, а епицентарот бил плиток, на длабочина од 15 километри.

Тој земјотрес предизвика и опасен пожар во блиската нафтена рафинерија и предизвика цунами во дел од Мраморното Море, што однесе дополнителни 155 животи.

Сите земјотреси што следеа во изминатите повеќе од 20 години беа значително помалку деструктивни. Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди источна Турција на 1 мај 2003 година, при што загинаа повеќе од 170 луѓе. Во октомври 2011 година, посилен земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтер однесе околу 600 животи на истокот на земјата. Во 2020 година, прво во јануари, во земјотрес со јачина од 6,7 степени, загинаа околу 40 луѓе. Фокусното место беше на истокот од земјата, земјотресите се почувствувани во Сирија, Ерменија и Грузија.

Потоа, во октомври истата година, во земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала во близина на егејскиот град Измир загинаа 117 луѓе, но повеќе жртви имаше во соседна Грција отколку во Турција. Денешниот земјотрес, кој според последните податоци однесе повеќе од 1.300 животи во Турција и соседна Сирија, секако е најголемата катастрофа од ваков вид што ја погодила Турција во 21 век.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АКО НЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ МЕНУВАМЕ НА КРАЈ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ

24/01/2026
Македонија

КРИТИКИТЕ НА ДИСКУТАНТИТЕ БИЛЕ КОНСТРУКТИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ Филипче задоволен од

24/01/2026
Македонија

НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ

24/01/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, три

24/01/2026
Македонија

Петровска на 31. Конгрес: СДСМ ќе исчезне, ако не се

24/01/2026
Македонија

ЗЛОУПОТРЕБЕН И ФОТОШОПИРАН ЛИКОТ НА АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА НА МАРШОТ

24/01/2026
Македонија

Адвокатката Коцевска со реакција на протест во Кочани: Досегашната воздржаност

24/01/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ОГРАДИ ОД КРИМИНАЛОТ НА КЛАНОТ ДУБАИ Од

24/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40584
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy