Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТУФЕГЏИЌ ОЧЕКУВА АПЕЛАЦИЈА ДА ЈА ПОТВРДИ ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ТАТКОТО НА УБИЕНАТА ВАЊА Правдата не смее да биде жртва на сензационализам
Македонија

ТУФЕГЏИЌ ОЧЕКУВА АПЕЛАЦИЈА ДА ЈА ПОТВРДИ ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ТАТКОТО НА УБИЕНАТА ВАЊА Правдата не смее да биде жртва на сензационализам

28/11/2025

AA

Обвинението против Александар Ѓорчевски е фијаско, тенденциозно, исконструирано и без докази, пишува неговиот бранител Владимир Туфегџиќ до Апелациониот суд во одговор на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје за ослободителната пресуда на Кривичниот суд, по обвинението дека Ѓорчевски поради користољубие помогнал во грабнувањето на неговата 14-годишна ќерка Вања Ѓорчевска.

Вчера навршија две години од грабнувањето и убистввото на девојчето, за што Судот на 25 јуни оваа година ги осуди на доживотен затвор Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Казна доживотен затвор добија и за убиството на велешанецот Панче Жежовски (74), извршено на 24 ноември 2023 година во околината на Велес, три дена пред убиството на Вања.

Но, за обвинението за грабнувањето на велешанецот четворицата осудени – беа ослободени, оти ЈО не го докажало тој дел од обвинението.

Туфегџиќ, кој бара да се одржи Јавна седница на жалбениот совет на Апелација, потенцира дека тенденциозноста на Обвинителството Ѓорчевски, меѓу другото, се гледа и во тоа што ЈО не поднесе жалба за ослободувањето на Палевски, Манев, Видевски и на Кешишев за делото Грабнување, туку се жалеле само за таткото.

„Во образложението на пресудата судот резимира дека доказите на Обвинителството се само посредни и не се со доволен доказен капацитет да го потврдат постоењето на кривичното дело и кривичната одговорност на обвинетиот, односно да наметне единствен разумен заклучок дека обвинетиот го сторил кривичното дело. Во оваа насока застапнкот на обвинението потврди дека не поседуваат доказ за директна комуникација помеѓу обвинетиот Александар Ѓорчевски и обвинетиот Љупчо Палевски, поточно конкретен доказ дека Ѓорчевски на Палевски му дал упатства за времето кога детето ќе излезе само од домот за да оди на училиште“, пишува Туфегџиќ во жалбата.

Одбраната, додава бранителот, со предложените вербални и материјални докази докажа дека обвинението е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат поткрепа во доказите.

„Неподнесувањето жалба за пресудата за грабнувањето на Жежовски е кулминација на недозволена пристрасност, личен анимузитет и нетрпеливост на застапникот на обвинението кон обвинетиот Александар Ѓорчевски, присутна со нескриена жестина во текот на целата кривична постапка, за кое нешто е доволно жалбениот совет да ги прегледа снимките од судењата. Особено од распитот на обвинетиот, кој по својата суштина не беше распит заради дискредитација на обвинет врз основа на докази, туку распит заради понижување на јавна сцена, пред јавноста, семејството и малолетната ќерка Миња и уривање на секое човеково достоинство и личност на обвинетиот. Тоа е уште еден доказ дека поднесеното обвинение е целосно фијаско, бидејќи клучната теза и теорија на случај застапникот на обвинението не успеа да ја докаже, а тоа е мотивот-користољубие. Не изведе докази од кои може да се извлече логичен заклучок дека таткото Александар со умисла им помогнал на обвинетите за да извршат грабнување на детето Вања, а со намера некој друг-член на нејзиното потесното семејство да присилат да даде парични сретства за откуп“, пишува Туфегџиќ.

Тој додава и дека во прецизираниот обвинителен акт во делот на детето Вања, на обвинетите не им става се на товар убиство од користољубие, туку квалифицирано убиство на малолетно лице, па е нејасна теоријата на докажувањето на користољубието како основен мотив.

Туфегџиќ посочува и дека во завршните зборови самите обвинителки потврдија дека немаат докази со кои се докажува комуникацијата и поврзаноста помеѓу таткото Александар и Љупчо Палевски.

„Кривичниот суд донесе правична и законита одлука. Обвинителството не успеа да докаже ниту мотив, ниту умисла, ниту било каква комуникација меѓу Александар и групата што го изврши злосторството. Сè што понудија беа претпоставки, лични перцепции и погрешни толкувања на паниката и однесувањето на татко што го бара своето исчезнато дете“, вели Туфегџиќ, повикувајќи се на наводите од поднесениот одговор на жалбата.

Тој потенцира дека и сведоците од МВР изјавија дека немале ниту еден доказ што го поврзува Александар со делото. Признаа дека нивните заклучоци биле субјективни, а не базирани на факти, посочува адвокатот.

Адвокатот истакнува дека доказите во постапката, наместо вина, ја потврдуваат улогата на Александар како оштетен и избезумен родител, кој си го бара исчезнатото дете.

„Тој е жртва во целиот трагичен настан. И тој, и мајката, и нивното семејство. Обвинението неправедно го претвори неговиот очај во сомнеж“, вели тој. објави Скопје1.мк

Адвокатот завршува со став дека јавната седница е неопходна, за јавноста да ја чуе вистината без шпекулации и погрешни интерпретации.

„Граѓаните заслужуваат да видат дека правдата не смее да биде жртва на сензационализам. Александар е невин човек. Очекувам Апелација да го потврди тоа.“

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВНИМАТЕЛНО НА ЃАВАТО, ПЛЕТВАР, СТРАЖА И КРУШЕВО Намалена видливост поради

05/12/2025
Македонија

НЕ МЕНУВАМЕ УСТАВ БЕЗ ЕВРОПСКИ ГАРАНЦИИ Мицкоски вели дека секоја

05/12/2025
Македонија

ПОЖАР ИЗБИ ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА, БЛИЗУ ЦРКВАТА „СВЕТИ СПАС“!

05/12/2025
Македонија

ЗЕМАЛЕ ЗЕМЈА ПОД КОНЦЕСИЈА, НЕ ЈА ОБРАБОТУВАЛЕ, ЈА ИЗНАЈМУВАЛЕ НА

04/12/2025
Македонија

СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА ПОЖАРОТ КАЈ СВЕТИ СПАС Нема опасност да

04/12/2025
Македонија

Евзони под блокада: Земјоделците го затворија граничниот премин, се пропуштаат

04/12/2025
Македонија

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го

04/12/2025
Македонија

ЗА ГРЦИЈА САМО ПРЕКУ ДОЈРАН, БОГОРОДИЦА И МЕЏИТЛИЈА СЕ ЗАТВОРЕНИ

04/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38512
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВНИМАТЕЛНО НА ЃАВАТО, ПЛЕТВАР, СТРАЖА И КРУШЕВО Намалена видливост поради густа магла

05/12/2025

Намалена видливост поради магла до 50 метри вечерва има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, информира Автомото сојузот

НЕ МЕНУВАМЕ УСТАВ БЕЗ ЕВРОПСКИ ГАРАНЦИИ Мицкоски вели дека секоја отстапка досега водела до нови

05/12/2025

Секоја отстапка од македонска страна резултира со нов услов и заради тоа се потребни гаранции од ЕУ, смета премиерот Христијан

ПОЖАР ИЗБИ ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА, БЛИЗУ ЦРКВАТА „СВЕТИ СПАС“! Противпожарните екипи се на терен

05/12/2025

Во објект во Старата чаршија во Скопје вечерва изби пожар, кој се заканува да се прошири на соседните објекти, објавија

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy