
Трошоците за март оваа година се зголемиле за 4% во однос на истиот период лани
Раст од 4% има на трошоците во март оваа година, во споредба од март 2023 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Цените на маало се зголемиле за 3,8% во однос на истиот период лани.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 во однос на март оваа година изнесува 0,9%.
Најмногу се зголемиле трошоците за транспорт 3,1%, потоа храната 1,3%, ресторани и хотели за 0,5%, облека и обувки за 0,2%, алкохол, тутун, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0,1%, покажуваат податоците.
Во март 2024 година во однос на февруари 2024 година е забележано намалување на трошоците за мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,1%.
Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
