
Тројца рибари по седум дена спасени од пуст остров благодарение на „генијален потег“
Тројца рибари се спасени од пуст остров по еднонеделна потрага, откако крајбрежната стража на американската морнарица ги забележала кога на плажата виделе порака „Помош“ направена од листови од палма.
Американската морнарица спасила тројца рибари, кои претходно заминале на риболов кога моторот на нивниот чамец се расипал околу ненаселениот Атол Пикелот во Микронезија на 31 март, пренесува РТС Гардијан.
Тие успеале да излезат на брегот, но нивното радио останало без батерија пред да можат да комуницираат со спасувачките служби.
Еден од членовите на крајбрежната стража на американската морнарица кој ја забележал пораката испишана со листови од палма, е роднина на еден од рибарите кој бил на напуштениот остров.
На негова иницијатива, во текот на претходните денови беше започната опсежна потрага на огромна површина.
Спасени со „генијален удар“
По спасувањето, рибарите истакнале дека јаделе кокос и пиеле вода од езерото на островот, додека крајбрежната стража истакнала дека без пораката напишана на песокот, тешко би биле забележани.
Полковникот на крајбрежната стража Челзи Гарсија истакна дека тоа е „генијален потег“.
„И клучниот фактор што доведе до спасување“, рече Гарсија.
