Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Триесет и шест години од отворањето на првите патарини во земјава
Македонија

Триесет и шест години од отворањето на првите патарини во земјава

04/05/2023

AA

Низ патарините на коридорите 8 и 10 лани транзитирале 52 милиони возила при што е остварен вкупен приход од 53.242.070 евра што претставува зголемување за 15 проценти. Граѓаните се уште го преферираат плаќањето во готово со нешто над 55 проценти, но во подем е и електронската наплата која учествува со околу 30 проценти во вкупната наплата, а безготовинското плаќање со платежни картички околу 15 проценти.

Од Јавното претпријатие за државни патишта, кое денеска одбележува 36 години постоење на патарините во земјава, велат дека наплатната служба веќе не е синоним за полнење на негативни содржини на насловните страници, туку има имиџ на сериозна служба која 24/7 е во функција на патникот, а вработените се секогаш на ниво на задачата.

– Споредбено по години бројките се движеле во нагорна линија, па така во 2019 година остварен е вкупен промет од 43.607.588 евра, во 2020 година, во услови на пандемија и намален сообраќај забележавме промет од 34.029.562 евра, во 2021 година, од 46.401.122 евра. И оваа 2023 година проекциите се движат во нагорна линија и очекуваме приход од околу 56 милиони евра, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Тој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со заменик-директорот на ЈПДП Благојче Трпевски извршија увид во работењето на наплатната служба на наплатната станица Петровец каде што се наоѓа и Оперативниот центар преку кој се мониторира работењето на сите наплатни станици.

– Ова значи добивка не само за ЈПДП туку добивка и за граѓаните и државата бидејќи сите овие средства се инвестираат во нови патишта, во рехабилитација на постојните и одржување на сите регионални патни правци, изјави министерот Бочварски.

Во јули 2019 година почна да функционира и електронската наплата на патарините која, според податоците од ЈПДП, бележи постојан раст како во продажбата на електронски уреди, така и во надополнувањето. Така, од 2019 година до сега, продадени се вкупно 146.492 М-Смарт картички и М-Таг во количина од 18.477 уреди и направени се вкупно 892.673 поединечни надополнувања на електронски уреди.

Првите три патарини во државата беа отворени во 1987 година кога првиот билет го издаде вработениот инкасант Никола Станоев, кој 36 години подоцна сеуште е дел од тимот на наплатната станица Градско. Оттогаш отворени се 14 наплатни станици на коридорите 8 и 10.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВ ЛАДЕН БРАН НИ ДОАЃА ОД СЕВЕР Велигденското утро ќе

08/04/2026
Македонија

СКАНДАЛ ТЕЖОК 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА НА ПОВИДОК ВО УЈП Група

08/04/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАВИ ТЕАТАР НАМЕСТО ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ЖЕНИТЕ ЖРТВИ

08/04/2026
Македонија

СДСМ И НАТАМУ ПРОДОЛЖУВА ВО ОНА ШТО Е НАЈДОБАР Растурање

08/04/2026
Македонија

3,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД САД ЗА ЈАКНЕЊЕ НА МВР Дијалогот

08/04/2026
Македонија

ЗАКОН КОЈ ГО НОСИ ПЕЧАТОТ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Законот за

08/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Од четврток ќе застуди, в

07/04/2026
Македонија

Велев за 4ТВ: Нема доволно терапија за дијабетичарите, сензори нема

07/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42232
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВ ЛАДЕН БРАН НИ ДОАЃА ОД СЕВЕР Велигденското утро ќе не дочека со мраз и

08/04/2026

Во периодот пред и за време на Велигден територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително поладен бран кој

СКАНДАЛ ТЕЖОК 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА НА ПОВИДОК ВО УЈП Група од луѓе и фирми на

08/04/2026

Група од десетина луѓе и фирми испумпала 6,5 милиони евра од државниот буџет преку даночно затајување, измама и перење пари

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАВИ ТЕАТАР НАМЕСТО ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ЖЕНИТЕ ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО Пешевска упати острa

08/04/2026

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска упати остри критики до колешките од опозицијата за нивното однесување на седницата на Комисијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy