
Три пожари за неколку часа во Струмица
Територијалната противпожарна единица од Струмица уште од рано изутрина беше мобилизирана на повеќе локации. Најсериозниот пожар бил регистриран во излетничката населба Суви Лаки, каде во 6:55 часот избувнал оган во викенд-куќа. Пламените јазици за кратко време го зафатиле објектот.
Во гаснењето интервенирале четворица пожарникари од Струмица со едно противпожарно возило, а како поддршка се приклучила и екипа од ТППЕ од Берово со уште четворица пожарникари и едно возило.
Еден час подоцна, во 8:12 часот, била регистрирана нова интервенција на улицата „Бетовенова“ во Струмица, каде се запалила куќа. На оваа локација биле ангажирани три противпожарни возила и осум пожарникари-спасители, кои успеале да го спречат ширењето на пожарот.
