Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Tри клучни фактори го „потонуваат“ македонскиот текстил, клиентите ни бегаат
Економија

Tри клучни фактори го „потонуваат“ македонскиот текстил, клиентите ни бегаат

14/09/2023

AA

Немање на работна
сила, ниска продуктивност и високите трошоците на домашниот пазар се трите
клучни фактори поради кои македонскиот текстил е во лоша состојба. Maријана
Перковска од Текстилниот кластер објаснува дека странските клиенти веќе си соработуваат со текстилци од
други држави, а како резултат на тоа кај нас се затвораат или допрва ќе се
затвораат текстилни фирми.

Вели дека престанале со
работа фирми во Кочани, Штип, Скопје. Објаснува дека секторот има многу
проблеми, за кои тие зборуваат веќе 10 или 15 години, но нема системски
решенија. Репроматеријалите не се проблем, но има многу други фактори кои го
„кочат“ секторот. Перковска вели дека текстилната индустрија од водечка, западна
во криза. Додава дека стануваат неконкурентни. Таа објаснува дека дури и во
соседните земји, текстилниот сектор е во многу подобра позиција.

„Србија, Бугарија, Албанија
се подобри од нас. Во Албанија текстилниот сектор користи многу повеќе
привилегии од државата за разлика од нас. Тие на почетокот имаа проблем со
искуството, но за година или две го постигнаа и клиентите одат кај нив, посебно
Холанѓаните. Српскиот текстил добро функционира. Бугарите имаа проблем со
работна сила, но го решија со увоз. Кај нас гледаме какво иселување има и кој
ќе работи? Имаме наши фирми кои работат за домашен пазар, но тие се многу
малку, тоа е мал импут за економијата. Мора да се преземат системски решенија.
Текстилните фирми откако ќе престанат со работа, тоа е готово, завршена
приказна и многу тешко се рестартираат“, вели Перковска.

Текстилните производи од
Македонија завршуваа во Европа. Сепак, од текстилните
компании велат дека европските клиенти наоѓаат поевтини пазари.

„Ние имаме проблем со
работна сила, затоа што работничките се над 50 години, млади нема, а тие се
„моторот“, тие се енергијата и ако ги немате, продуктивноста е ниска. Се покачи
минималната плата и ако имаме продуктивност, повисоки плати нема да бидат проблем,
но ние немаме продуктивност. Турските работници на пример имаат исти плати како
македонските, а продуктивноста кај нив е поголема“, велат од текстилна
компанија од Прилеп.

Инаку, текстилците велат
дека и во африканските земји текстилниот сектор прави чекор напред и со
автоматизација има шанси да напредува во следните години. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy