Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Три кинески астронаути се вратија на Земјата по шестмесечна мисија
Македонија

Три кинески астронаути се вратија на Земјата по шестмесечна мисија

30/04/2025

AA

Тројца кинески астронаути од мисијата „Shenzhou-19“ денес се вратија на Земјата по што поминале шест месеци на кинеската вселенска станица Тиангонг, јавува агенцијата Анадолија.

Цаи Шуже, Сонг Лингдонг и Ванг Хаозе слетале на локацијата Донгфенг во северната Автономна регија Внатрешна Монголија, според извештајот на агенцијата Синхуа.

Нивното враќање било одложено за еден ден поради неповолни временски услови.

Триото, локално познато како тајконаути, беше лансирано во октомври, а за време на престојот на кинеската орбитална станица, изведувале различни научни експерименти и работеле на одржување на станицата.

Нивната мисија заврши откако екипажот на мисијата „Shenzhou-20“ успешно го презеде управувањето со станицата минатата недела. Новиот тим, кој го сочинуваат командантот Чен Донг и астронаутите Чен Џонгруи и Ванг Џие, беше лансиран минатиот четврток од Сателитскиот центар Јиукуан на северозападот на Кина и исто така ќе помине шест месеци на вселенската станица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи

07/12/2025
Македонија

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна

07/12/2025
Македонија

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ

07/12/2025
Македонија

Возило со американски ознаки излета од патот кај Кичево, едно

07/12/2025
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
Македонија

Малолетник од Скопје заврши на дежурен откако испил голема количина

07/12/2025
Македонија

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА

07/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38614
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy