
ТРИ ИНВЕСТИЦИИ И НАД 1.000 ВРАБОТУВАЊА: Мицкоски најави убави вести
Премиерот Христијан Мицкоски во Штип најави три инвестиции и над 1.000 нови вработувања.
„Да, најавивме нова инвестиција којашто ќе се случи за 10 до 12 дена од денеска, неколку десетици милиони евра и повеќе од две стотини вработени. Целосно ќе биде производството наменето за извоз на бела техника, значајно ќе учествува во бруто домашниот производ. И истовремено, сакам да ги информирам штипјани и луѓето од околината на Штип, дека работиме на две и проширување на една, на три инвестиции во зоната овде во Штип“, рече премиерот.
Кажа дека многу скоро ќе има убави вести за жителите на овој град.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски