
Три Ер Трактори го локализираа пожарот над с. Горно Јаболчиште
Три ер трактори од Дирекцијата за заштита и спасување од 11:00 до 14:20 часот во три налети дејствуваа, а со тоа и пружија воздушна подршка на силите Ј.П ,Национални шуми, Подружница Бабуна Велес, кои веќе трет ден го гаснат големиот пожар кој изби на 01.10.2023 година во 16:25 часот, на отворен простор во месноста викана Ламја над с. Горно Јаболчиште.
Теренот е непристапен, вегетацијата е сува и многу висока (голосек со голема количина суви гранки и висока трева), а поради силниот ветер оганот бргу се шири кон висококвалитетна шима.
Во моментов пожарот е локализиран, нема пламени јазици и чад но екипите работат на негово внатрешно гаснење, како и спречувањре на евентуална можноста за негово реактивирање.
