Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трговците останале „недопрени“, само четири казни против скапотијата
Економија

Трговците останале „недопрени“, само четири казни против скапотијата

05/03/2024

AA

Само четири казни во текот на минатата година биле испишани од Државниот пазарен инспекторат постапувајќи по одлуката на Владата од 30 септември 2023 да се замрзнат цените на поголем број основни прехранбени производи во трговијата.

Во извештајот за второто полугодие на ДПИ пишува дека четирите казни за непочитување на ограничената профитна маржа и рабат изнесувале заедно 498.150 денари. До крајот на минатата година биле платени само две во висина од вкупно 196.000 денари.

По одлуката за „гарантирана цена“ од 1 октомври па до крајот на годината биле направени 114 надзори, од кои 103 биле вонредни, но главнината од нив била во реоните на Гостивар (44)  и Струга (39). 

Инаку пазарниот инспекторат во втората половина од 2023 изрекол глоби од вкупно 95 милиони денари (1,5 милиони евра) по разни законски основи, од кои поголемиот дел по Законот за финансова дисциплина, кој што директорот Горан Трајковски најмногу го споменуваше при контролите кои се правеа во маркетите а за тоа се брифираше јавноста во екот на најголемите поскапувања. Во извештајот стои дека во овој период биле затворени и преку 50 објекти, но не е наведено по кој основ и од која дејност.

Владата од 1 октомври ги замрзна цените на основните прехрамбени производи во трговијата на големо и мало, така што трговците на мало требаше да ги намалат за 10 отсто во однос на тие од август во тековната годината, како
референтна цена, а сите намалени производи требаа да имаат ознака „гарантирана цена“.
Трговците кои вршат трговија на големо имаа обврска да одобруваат рабат во висина од 5 отсто.

Одлуката важеше за белиот ориз, белиот леб, брашното, бисквитите, другите пекарски производи, тестенините, јунешкото и свинско месо, пилешкото, паштетите, млекото, јогуртот, павлаката, јајцата, овошјето, зеленчукот и други основни производи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година, бележи пораст од 9,4 отсто, а индексот на цените на мало е 7 отсто. Пораст на индексите е забележан во сите групи: индустриско-прехранбени производи за 12,5 отсто, пијалаци за 9,7 отсто, земјоделски производи за 8,5 отсто, 

Владината одлука за замрзнати цени заврши на 1 март, а најавуваниот Законот за нефер трговски практики, кој ќе треба да ги штити потрошувачите со регулирање на односите во ланецот производители-дистрибутери-трговци, сеуште не е донесен.  Во меѓувреме видливи поскапувања забележаа Организацијата на потрошувачи, претставници на Владата, па и самиот инспекторат и трговците.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy