Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трговците од денеска со нова обврска – секојдневно објавување на цени
Македонија

Трговците од денеска со нова обврска – секојдневно објавување на цени

18/04/2025

AA

Од денеска трговците со обврска на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите. Цените треба да бидат објавени на нивните веб страници во посебен дел и да се ажурираат секој ден до 10 часот. 

Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека трговците имале доволно време да се прилагодат на оваа нова законска обврска и дека таа е во интерес на граѓаните. Законската обврска важи за сите трговци освен за оние кои имаат до 10 вработени. 

– Транспарентноста мора да биде поголема од страна на маркетите, граѓаните треба да знаат каде да ги трошат нивните пари и кои цени се поевтини. Треба да им излеземе во пресрет на граѓаните. Се работи за закон кој ги опфаќа гоилемите ланци маркети и тие имаат капацитет и своја веб страница и може да ја спроведат оваа законска мерка, вели Дурмиши. 

Во однос на барањето на Комората на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун да се продолжи рокот за имплементација на одлуката, министерот Дурмиши планира средба со нив следната недела.

Казните за непочитување на законската обврска се движат и до 10.000 евра, а министерот Дурмиши најавува дека инспекторите на Пазарниот инспекторат ќе вршат проверки на терен. 

Обврската за објавување на продажните цени на производите произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачи што беа објавени во Службен весник на 4 март, а Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy