Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трезорот ќе работи до 31-ви декември, исплатите продолжуваат нормално
Македонија

Трезорот ќе работи до 31-ви декември, исплатите продолжуваат нормално

15/12/2025

AA

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска категорично ги отфрли тврдењата дека државниот Трезор ќе биде затворен на 15 декември поради недостиг на прилив и дека ќе се стопираат сите исплати.

Таа нагласи дека Трезорот функционира редовно и дека нема никаква причина за вознемиреност кај граѓаните.

„Трезорот не е заклучен и нема да биде. Трезорот работи и нема простор за паника“, изјави Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека информацијата во јавноста била погрешно протолкувана и дека е нелогично да се зборува за затворање на Трезорот во период кога наплатата на даноците трае до 25-ти во месецот.

Според неа, датумот 15 декември не значи прекин на работата, туку претставува рок до кој институциите треба да ги достават своите налози за исплата, со цел подобра организација и навремено сервисирање на обврските до крајот на годината.

„Институциите треба до 15-ти да ги достават налозите до трезорските служби, за да можеме да ја испланираме и следиме реализацијата на исплатите до 31 декември. Тоа не значи дека налози нема да се примаат и по тој датум“, појасни министерката.

Таа истакна дека налозите во Трезорот се задржуваат околу 15 дена поради дополнителни контроли, но дека Трезорот ќе продолжи со работа до последниот ден од годината, како и секоја година досега.

„Трезорот е сектор кој работи и по завршување на работното време, често до седум или осум часот навечер, а имало години кога се работело и до 23 часот“, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Министерката потсети дека пензиите биле исплатени навреме, и покрај шпекулациите за можни доцнења, додавајќи дека Буџетот е стабилен и дека државата ќе ги подмири сите преземени обврски.

Во однос на евентуалните доцнења на социјалните трансфери, таа посочи дека одговорноста не е кај Трезорот, туку кај институциите кои ги подготвуваат налозите.

„Ако има задоцнување, тоа е поради неподготвени или неподпишани решенија во рамки на самите министерства. Имавме период на избори и од септември одредени документи не биле потпишувани, но тоа не значи дека Трезорот не исплатил“, рече таа.

Димитриеска-Кочоска информираше и дека во петокот биле реализирани исплати во износ од три милијарди денари, од кои 2,4 милијарди денари се однесуваат на блок-дотации за образованието, вклучително и исплатата на К-15.

Во врска со забелешките за кратење на средствата за лекување на пациенти со ретки болести, министерката појасни дека Министерството за финансии не ги одредува приоритетите, туку врши распределба на буџетските лимити.

„Секоја институција добива одобрен лимит, а како ќе го распредели во рамки на својот буџет е одлука на самиот министер и раководството на институцијата“, истакна Димитриеска-Кочоска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на тротинети низ цела Македонија

29/09/2026

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава. Контролата ја

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy