
Тревога за воздушен напад низ Израел – Армија: Се обидовме да пресретнеме проектили од Јемен
Војската на ИЗРАЕЛ денеска објави дека се обидела да пресретне ракети од Јемен кои активирале сирени за воздушен напад во неколку области на земјата.
Војската соопшти дека двата проектила очигледно биле лансирани од Јемен и дека проверката е во тек.
Засега не е познато дали пресретнувањето на проектилот било успешно.
Според полицијата, сирените за воздушен напад можеле да се слушнат во Ерусалим, Тел Авив и централниот дел на земјата.